Научниците открија зошто жените во некои случаи никогаш нема да ја добијат битката со фудбалот. Добрата игра на омилената екипа предизвикува еднакво возбудување како и сексот.
Невролозите кои го набљудувале работењето на мозокот на фудбалските навивачи додека гледаат натпревар откриле дека во моментот кога екипата за која навива фудбалскиот фан постигне гол, во неговиот мозок се активира реонот кој е задолжен за интензивно уживање и сексуална возбуда.
"Нашата основна цел беше да се испита страста која некои луѓе ја имаат кон спортот и да се "долови" интензивното чувство на уживање кое се јавува кај навивачите кога нивната екипа ќе постигне гол", изјави Џон Меклин, еден од научниците од Институтот за невролошка наука при болницата Souther Central во Глазгов.
Научниците користеа опрема за скенирање на мозокот врз девет страстни навивачи на Глазгов Ренџерс на кои им беа прикажувани снимки од голови на нивната омилена екипа. Секој од 30-те прикажани клипови траел не повеќе од 4 секунди.
Резултатите од скенирањето се споредени со оние кои беа добиени од 30-те клипови кои ги гледаа запалените навивачи на кои нивниот сакан тим промашува клучни шанси за гол на еден натпревар. Звукот за време на прикажувањето на двата типа на клипови бил исклучен.
Активноста во предниот дел на кортексот е значително поголема кога Ренџерси постигнуваат гол, отколку обратно. Одредени научници при едно истражување откриле дека за време на сексуалната стимулација кај мажите и жените се активира истиот дел од мозокот.