Големата рецесија не ги одмина ни државниците низ светот. Некои веќе ги намалија своите плати, а некои планираат да го сторат ова во блиска иднина. Да погледнеме кои претседатели и премиери највеќе заработуваат.
1. Ли Хсиен Лонг, Сингапур
Годишна плата: 2,46 милиони американски долари
Политичарите во Сингапур се меѓу најплатените во светот. Премиерот Ли Хсиен Лонг заработува шест пати повеќе од американскиот претседател.
2. Барак Обама, САД
Годишна плата: 400.000 американски долари.
Претседателот на водечката светска економска сила е на второ место.
3. Кевин Руд, Австралија
Годишна плата: 330.000 американски долари.
Австралискиот премиер е трет на листата.
4. Ангела Меркел, Германија
Годишна плата: 307.340 американски долари
Германската канцеларка добива годишна плата од 242.000 евра, во која е вклучен и бонус од 22.000 евра.
5. Николас Саркози, Франција
Годишна плата: 304.800 американски долари. Францускиот претседател минатата година си ја покачи за двојно својата плата.
6. Стивен Харпер, Канада
Годишна плата: 280.000 американски долари
Харпер е премиер на канада, седмата по моќ економска сила во светот.
7. Гордон Браун, Велика Британија
Годишна плата: 238.266 американски долари
Браун е премиер на втората по моќ економска сила во Европа и петтата во целиот свет.
8. Владимир Путин, Русија
Годишна плата: 81.190 американски долари
Рускиот премиер добива значително пониска плата од неговите колеги.