Иако со претходната тунеја Confessions ја имаше најпродаваната турнеја на сите времиња, веќе пред завршувањето на нејзината последна турнеја Sticky & Sweet, Maдона се надмина самата себеси.
Турнејата Sticky & Sweet ќе влезе во книгите на рекорди како најпродавана турнеја на сите времиња на некој соло изведувач. Се проценува дека "материјалната девока" за време на неа заработила околу 187.5 милиони фунти.
Мадона оваа недела ќе го започне јужноамериканскиот дел, воедно последен во турнејата во која последните три концерти ќе се одржат во Сао Паоло, Бразил.
Токму вака, Мадона ќе го сруши сопстениот рекорд кој го држеше како најпродаван соло изведувач со турнејата Confessions oд 2006-та година со која заработи 127.5 милиони фунти.
Промоторот на сегашната турнеја соопшти дека Мадона за 28-те концерти во САД продала 550 000 карти и заработила 60.2 милиони фунти. На европскиот дел од турнејата заработила двапати повеќе.