Каква е ситуацијата со парите во вашата врска? Финансиите ги ставате на една сметка и сеедно е кој заработува повеќе, или...? Пронаоѓањето на компромис кога е во прашање заработувачката може да биде напорно, посебно кога не се знае "кој пие, а кој плаќа".
Сеедно дали станува збор за сиромашни луѓе без имот или за некој пар чии примања се повисоки од реалните потреби - првиот проблем е самиот начин на поделбата, затоа што тешко може да се најде некој универзален план кој не би довел до непријатни ситуации кога е во прашање заработувачката и придонесот за фамилијарното конто.
По некое правило, секој сака да се држи до системот кој важел за коректен во неговата фамилија. Затоа, воопшто не мора да не зачуди тешкото постигнување на согласност по ова прашање помеѓу девојката чиј татко откако ќе ја донесел платата дома не го интересирала судбината на парите - и момчето чија мајка морала преку молба заверена кај нотар да побара пари од својот сопруг. Барањето на компромис може навистина да биде напорно.
Заработувам повеќе...Ситуацијата е многу чувствителна кога финансискиот придонес на едниот партнер е значително поголем од доприносот на другиот. Кога економски појак е мажот, често чувствува дека неговата позиција му дава и моќ на одлучување во врската. Финансиски поуспешната жена најчесто на ситуацијата гледа поинаку, како прилика за подобрување на ситуацијата на целото семејство.
Крај на љубовта поради парите?Иако не постои идеален пример на распоредување на приходите, би требало да се придржувате кон неколку основни начела. Првото е обострано прифаќање или барем некаков договор. Второ е правото на отприлика подеднакво животно ниво, како и правото на "џепарлак", односно на средства за чие користење секој слободно ќе одлучува.
Исто така е корисно доколку за одредени вложувања постои претходен договор, со што е поврзано барем округлото изјаснување по прашањето "како стоиме со пари". Toa не значи дека нам партнерот би требало да ни го оправда секој заработен денар, како да се наоѓа во некое даночно одделение. Доволна е некоја "груба" бројка.
Денес е возможно да се погрижите за овие можни проблеми преку предбрачен или брачен договор, но оваа пракса не е највообичаена кај нас. И некогаш е навистина тешко да го убедите партнерот дека размислувањата во оваа насока или по оваа тема не се показател на нашата пресметливост или недоверба во него.