Виталниот 84 годишен Кинез докажа дека не му е проблем да поместува предмети без примена на физичка сила. Еве одлична идеја, научете да земете пиво од фрижидер, без да станете од фотељата.
Телекинезата или психокинезата во суштина би можело да се дефинира како способност да се поместуваат предметите или да се преонликуваат со помош на силата на умот, без употреба на физичка сила.
И додека за некои ова е апстрактен и недокажлив феномен, а можеби дури и измама, други веруваат дека воопшто нема сомнение дека мозокот е во состојба да произведува таков вид на енергија.
Како и да е, од Кина ни доаѓаат интересни снимки, кои прикажуваат 84 годишен старец како поместува предмети. И не е само ова - кинескиот "мистер Мјаги" пред камерите демонстрираше и дека може своето тело да го направи непробојно.
https://www.youtube.com/watch?v=uoKGOyV7u_M&eurl=http://kajgana.com/statija_3886.html