По седумдесет години борба против лошите момци, еден од најпознатиоте стрип јунаци неделава ќе доживее страотна смрт. Кружат гласини дека ќе го издаде "верниот" Робин.
Судбината на Бетмен ќе биде откриена во последното издание на стрипот на DC Comics, кој изглегува во четврток, на 27 ноември.
Последниот филм за Бетмен "Темниот витез" беше голем кино хит. Веќе се шушка за ново филмско продолжение, но на неговиот колега од стрипот изгледа му доаѓа крајот.
Се шпекулира дека неговиот помошник Робин ќе прејде на "мрачната страна".