Луѓето кои често ги посетуваат порно-сајтовите се подепресивни и анксиозни од останатите. Сеуште не е дефинирано дали депресијата ги тера на конзумирање на порнографија, или депресијата е последица на порнољубството.
Луѓето кои добар дел од своето време го минуваат сурфајќи на интернет страните со порнографска содржина се особено склони кон депресијата, тврди еден австралиски научник.
Маркус Сквирел од Технолошкиот факултет Свинбурн во Мелбурн, проучувал 1.325 испитаници кои на неделно ниво, преку 12 часови поминувале на интернет порнографските страници. Утврдил дека повеќе од една четвртина од испитаниците страдаат од клиничка депресија.
Триесет проценти од нив покажувале висока анксиозност, а 35% умерено до високо ниво на стрес. Колку подолго време луѓето трошеле на таквите сајтови, толку поголеми биле нивните нивоа на стрес и анксиозност.
Меѓутоа, неговото истражување не одговори на клучното прашање - дали анксиозните и депресивни луѓе се склони кон посетувањето на интернер страните со порнографска содржина, или посетувањето на тие страници ја иницирало депресијата.