Берни Еклстоун претстави неколку од неговите идеи како следната година да го подобри Ф1 циклусот. Една од нив, која најмногу ја заинтригира спортската јавност е исфрлувањето на бодовите за трката до шампионската титула. Наместо тоа, шампион ќе биде возачот со најмногу победи на крајот од сезоната.
Еклстоун изјави дека оваа идеја му дошла во главата откако за ГН на Бразил, Луис Хамилтон ја освоил шампионската титула со 5-та позиција, а не Фелипе Маса кој излезе како победник.
"Не е поентата да ја освоите титулата со 5-то место. Треба од секоја трка да се трудите да излезете како победник. Таквиот возач за мене би бил вистински Ф1 шампион." Исто така тој изјави дека е уверен дека оваа негова идеја ќе биде прифатена на состанокот на ФИА кој ќе се одржи во Монако на 12-ти декември.
"Ќе биде прифатена, верувајте. Веќе преку глава ми е да ги слушам Ф1 фановите како се жалат дека на трките нема престигнувања."
Ако се прифати оваа идеја и се воведе како правило, бодовите ќе бидат укинати. Возачите кои ќе завршат на пиедесталот, ќе добиваат златен/сребрен/бронзен медал, исто како на Олимписките Игри.